ФОРМУЛА 1

НОВИОТ ШАМПИОН НИКО РОЗБЕРГ ЈА ЗАВРШУВА КАРИЕРАТА

2 December, 2016 - 15:49

Нико Розберг,Светскиот шампион во Формула 1 го шокираше светот на Авто-Мото  спортот со денешната  изјава дека ја завршува Ф1 кариерата , откако во Абу Даби ја освои титулата со Мерцедес.

 

Ја искачив  мојата планина.На врвот сум и  чинам  дека е одлуката е во ред.Во изминативе 25 години  натпреварување тоа беше мојот сон,да станат светски шампион .Со  многу труд ,жртви ,бол, успеав-искакнува  31 Розберг во својата објава   која предизвика изненадување пред се во неговиот тим Мерцедес.Нико Розберг победи на  9 од 21 трка сезоната и ја освои тиулата кај возачите со  2.место во Абу Даби,  доволно за  предност  од пет  бодови во генералниот пласман  пред тимскиот колега и трикратен шампион,британецот Луис Хамилтон.

Веста е прочитана 1029 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.