ТЕНИС

НЕУСПЕШЕН ДЕН ЗА ФАВОРИТИТЕ БРОЈ ЕДЕН НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН

22 January, 2017 - 20:15

Најдобриот светски тенисер Енди Мареј не успеа да се пласира во четвртфиналето на Австралија Опен, откако беше совладан од Германецот Миша Зверев со 3:1. Зверев го доби првиот сет со 7:5, со истиот резултат возврати Британецот во вториот, а потоа беше 6:2 и 6:4 50 тенисер во светот. 

Ова е втора сензација на првиот Грен слем, откако претходно, во второто коло беше елиминиран и бранителот на титулата Србинот Новак Ѓоковиќ.

Зверев за противник во следната рунда ќе го има Рожер Федерер, кој во пет сета го совлада Јапонецот Кеи Нишикори.

На другите два меча Французинот Жо-Вилфред Цонга го победи Даниел Еванс со 3:1 и закажа меч против Швајцарецот Стан Вавринка, кој го елиминира во три сета Италијанецот Андреас Сепи. 

Светскиот рекет број еден Германката Анжелик Кербер нема да има шанса да ја брани титулата на женскиот дел од турнирот во Мелбурн, бидејќи загуби во осминафиналето од Американката Коко Вандевеге со 2:0 (6:2 и 6:3).

Веста е прочитана 705 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.