КОШАРКА

НАУМОСКИ ОСТАНА НА ЧЕЛО НА МКФ

15 December, 2016 - 20:00

Актуелниот претседетел Петар Наумоски и натаму ќе биде на чело на Македонската кошаркарска федерација. Со 18 гласа да и 10 не од вкупно 28, делегатите му искажаа доверба на денешното Вонредно собрание во нов мандат да ја предводи куќата на кошарката i во следниот период.

Собранието одлуката ја донесе со тајно гласање по барање на Наумоски иако на овој предлог претходеше жестока дискусија од страна на неговата опозиција која бараше гласовите да бидат искажани јавно.

Наумоски е претседател на МКФ 19 месеци пред Здружението на Прволигаши да побара да се гласа неговата доверба. На осми ноември Управниот одбор го закажа Вонредното Собрание.

Веста е прочитана 264 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.