ТЕНИС

НАДАЛ Е ВТОРИОТ ФИНАЛИСТ ВО МЕЛБУРН

27 January, 2017 - 15:55

Рафаел Надал се избори за Грен Слем финале во Мелбурн,откако во пет сета (6-3,5-7,7-6,6-7,6-4)  го совлада бугарскиот тенисер Григор Димитров.Шпанскиот ас  закажа меч со Федерер  на Австралија Опен после голема борба со Димитров  кој за прв пат во  кариерата стигна толку далеку на ГС во Мелбурн.Во решавачкиот петти сет,Надал ја искористи шансата за брејк и со третата меч топка по финални 6-4  го принуди Димитров на капитулација.На пат кон 15 Грен Слем трофеј,Рафаел Надал ќе го врсти рекетот со Роже Федерер,што ќе биде  нивно деветто ГС финале и реприза на Австралија Опен од 2009 година кога шпанецот славеше  во пет сетта, што беше негов прв и засега единствен трофеј од Мелбурн.

Веста е прочитана 734 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.