КОШАРКА

МЗТ СО ПОРАЗ ОД МОРНАР ЈА ЗАВРШИ СЕЗОНАТА ВО АБА ЛИГАТА

13 March, 2017 - 20:32

МЗТ Скопје со пораз на домашен терен го заврши петото учество во кошаркарската АБА лига. Во СЦ „Јане Сандански“ загуби од Морнар со 69:63 во 26 последно коло.

Македонскиот првак на крајот од годинашниов настап во Јадранската лига ќе биде претпоследен 13 на табелата со само осум победи и 16 порази, повторувајќи го пласманот од пред две сезони кога за опстанокот во Регионалното натпреварување оствари една победа помалку.

Многуте грешки и слабиот шут го одбележаа 16 пораз од Морнар кој го држеше под контрола резултат и заслужено ја забележа 10 победа со која заврши на осмата позиција на конечната табела во дебитантската сезона.

Ѓорѓе Дреновац со 21 поен беше напрецизен во домашниот тим, додека кај гостите од Црна Гора, Ламонт Џонс беше прв стрелец со 20 погодоци.

Веста е прочитана 1314 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.