РАКОМЕТ

МЛАДИНЦИТЕ УБЕДЛИВИ НА СТАРТОТ, ГИ НАДИГРАА ВРСНИЦИТЕ ОД ПОЛСКА

5 January, 2017 - 16:06

Македонската младинска ракометна репрезентација (играчи до 21 година) со триумф ги отвори квалификациите за пласман на Светското првенство во 2017 година. Во СРЦ „Кале“ славеше убедливо против Полска со 30:22 во првиот натпревар од групата три.

Избраниците на селекторот Илија Темелковски најавија дека ќе се борат за првото место во оваа конкуренција кое обезбедува пласман на завршницата во Алжир.

Мице Шилегов беше најефикасен со осум погодоци, Филип Талески постигна пет, а по четири гола запишаа Марко Нелоски и Мартин Велковски.

Втор противник на нашите надежи ќе им биде Португалија во вторник од 17 часот и 45 минути која беше поуспешна на стартот од Турција исто така убедливо со 40:27.

Веста е прочитана 477 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.