РАКОМЕТНИТЕ НАДЕЖИ СЕ ПЛАСИРАА НА СП ВО АЛЖИР

6 January, 2017 - 23:15

Младата ракометна репрезентација на Македонија (У21) ја победи Турција со 39:19 со потребниот резулта со кој се пласираше на Светското првенство во Алжир, како прво пласирана во групата три што се играше во Скопје завршувајќи пред Поругалија само поради подобрата гол разлика.

Нашите надежи по вчерашното реми мораа да победат со најмалку 19 голови разлика против аутсајдерот, предизвик кој им го постави токму Португалија која славеше над Полска со 34:21.

Мице Шилегов со 10 голови беше прв стрелец во „црвено жолтиот“ состав, а капитенот Талески додаде девет погодоци. Давор Палевски беше стрелец на седум голови, Арсеновски постигна 4, а во листата на стрелци се запишаа и Нелоски и Велковски со по 3 гола, Димитриоски кој постигна 2, како и Крстевски кој беше стрелец на еден погодок.

Веста е прочитана 949 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.