РАКОМЕТ

МИНИМАЛЕН ПОРАЗ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРИ ОД ИСЛАНД

8 May, 2017 - 19:32

Македонската ракометна репрезентација доживеа минимален пораз од Исланд со 30:29 во четвртото коло од квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи на почетокот од идната година во Хрватска.

Во Рејкјавик, избраниците на селекторот Раул Гонзалес синоќешниот меч го загубија пред се поради послабото издание во второто полувреме откако по првото иако го контролираа резултатот сепак, на крајот немаше предност заврши израмнето 16:16.

Кире Лазаров со осум голови беше најефикасен во црвено жолтиот состав, Дејан Манасков постигна седум, а Филип Миркуловски шест погодоци6. Голманот Борко Ристовски повторно беше одличен со 12 одбрани.

По четири одиграни натпревар во групата четири сите репрезентации собраа по четири бодови. Поради подобрата гол разлика, Чешка е лидер пред Македонија, Исланд и Украина.

Од тука во последните две кола ќе се решава кои две репрезентации ќе играат на континенталниот собир во Хрватска. Македонија на петиот меч повторно ќе гостува кај Украина на 15.јуни, додека три дена подоцна квалификациите ќе ги комплетира на домашен терен против Чешка.

Веста е прочитана 1079 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.