ФУДБАЛ

МИЛЕВСКИ ГО ОБЈАВИ ПРВИЧНИОТ СПИСОК ЗА ЕП ВО ПОЛСКА

30 May, 2017 - 16:20

За селекторот на младинската фудбалска репрезентација до 21 година Благоја Милевски нема дилеми и по објавувањето на првичниот список од 17 играчи планира со проверени сили да се претстави на претстојното Европско првенство во Полска.

Тие што го понесоа товарот во квалификациите истите ќе ги бранат боите на Македонија и на континенталниот собир. Нашите надежи кои го направија најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал првиот собир за подготовките ќе го имаат на четврти јуни.

Селекторот Милевски засега го посочи напаѓачот Виктор Ангелов како проблематичен бидејќи кај него завршила рехабилитацијата од повредата и е во тренажен процес од 30 ет дена без одигран натпревар. Тој изјави дека ќе го почека и во периодот што следи ќе провери како се снаоѓа на теренот.

„Околу списокот за ЕП во Полска мое е најпрво да ги испочитувам сите оние кои го понесоа товарот за пласман на Европското првенство и кои ни го донесоа најголемиот успех во историјата. Затоа се тука на списокот 17 фудбалери на кои повторно ќе се потпреме“, истакна Милевски.

Списокот ќе биде докомплетиран со шест до седум помлади фудбалери од новата генерација за квалификацискиот циклус која ќе биде скенирана во првите четири дена од јуни кога ќе биде на собир, пред конечниот список од 23 ца да биде испратен во УЕФА. До последниот рок на шести јуни од вториот список Милевски на кампот ќе бира од генерацијата родена 1996 та 97 ма ќе добијат шанса за настап на Европското првенство.

Македонија турнирот во Полска ќе го отвори против Шпанија. За Милевски овој меч е најважен иако анализата за Србија и Португалија е веќе направена.

„Секако дека секој натпревар има своја тежина, но по традиција најтежок е првиот меч. Од него во голем дел ќе зависи атмосферата и очекувањата. Секако дека и другите противници се скенирани, имаме сериозни анализи, но одиме натпревар по натпревар, па затоа во моментов сите мисли ни се сконцентрирани за мечот со „црвената фурија“, изјави Милевски.

Фудбалските херои во Полска заминуваат на 12 јуни. Пет дена подоцна е закажан првиот меч против Шпанија. На 20 јуни противник ќе им биде Србија, додека групната фаза ќе ја затворат со Португалија на 23 јуни.

Список на фудбалери за настап на ЕУРО 2017:

Голмани: Игор Алексовски и Дамјан Шишковски;

Одбрана: Ѓоко Зајков, Дарко Велковски, Висар Муслиу, Мевљан Мурати, Егзон Бејтулаи, Бесир Демири;

Среден ред: Бобан Николов, Енис Барди, Давид Бабунски, Даниел Аврамовски;

Напад: Марјан Радески, Виктор Ангелов, Никола Ѓорѓев, Филип Пивковски, Кире Маркоски.

Список на фудбалери од новата генерација за циклусот квалификации за ЕП во Италија: 

Голмани: Филип Илиќ, Боби Целески;

Одбрана: Давид Атанасковски, Нехар Садики, Костадин Чешмеџиев, Алекса Амановиќ, Јован Попзлатанов, Стефан Костов, Бесарт Кривањева, Филип Стојановски;

Среден ред: Ељиф Елмаз, Енур Тотре, Давор Здравковски, Стефан Јефтовси, Мартин Мирчевски, Дин Аломеровиќ, Калвин Н’сомбо, Кристијан Филиповски;

Напад: Емил Абаз, Тихомир Костадинов, Петар Петковски, Селмани Ремзифаик, Бенјамин Демир, Бобан Георгиев, Даниел Крезиќ, Матеј Цветановски.

 

Веста е прочитана 1813 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.