ФУДБАЛ

МЕСИ ВО БАРСЕЛОНА ДО 2021 ГОДИНА

5 July, 2017 - 14:38

Аргентининскиот фудбалер Лионел Меси и  Барселона постигнале договор за  продолжување на  соработката до 2021 година.

 

Една од најголемите звезди во историјата на фудбалот ќе добива месечна плата од 570,000 евра а на годишно ниво со вклучени  премии и други приходи, околу 40 милиони евра.Откупната клаузула во новиот договор изнесува  300 милиони евра.На официјалната веб страна,клубот изрази огромно задоволство за новиот дил со 30 годишниот аргентинец  кој во својата професионална  кариера во Европа  играл  исклучиво  за  Барселона.Меси дојде на Камп  Ноу на 13  годишна возраст,дебитираше за првиот тим на 16 години и оттогаш  со Барселона има колекција од 8 титули во првенството на Шпанија,четири  од ЛШ,пет во Кралскиот Куп  и по три пехари од  Интеранционалниот и Европскиот Супер Куп.Индивидуално, Меси ја освои престижната Златна топка  рекордни пет пати.Во дресот на Каталонците тој е клупски рекордер со 507 голови на 583 натпревари.

Веста е прочитана 1293 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.