РАКОМЕТ

МАКЕДОНИЈА ГО ПОБЕДИ ИСЛАНД,АМБИЦИИ ЗА ТРИУМФ И ВО РЕЈКЈАВИК

5 May, 2017 - 15:58

Триумфот над Исланд  ја вивна македонската селекција кон врвот во групата.Победичките 30-25 за националнииот ракометен тим  на вчерашниот меч во СЦ Борис Трајковски над традиционално незгодниот противник беа изборени низ 60 одлични минуту во дебито на новиот селектор  Раул Гонзалес.Шпанскиот стратег ја постави вистинската игра која на терен беше маестрално одработена од македонските ракомери за перформанс кој навестува место на Шампионатот во Хрватска.Притисок во групата се префрла кон Исланд и Чешка,а тоа е можност да се запишат нови бодови.Македонкста експедиција во раните утренски часови   ќе се упати кон Рејкјавик каде в недела навечер ќе се обиде да ја добие битката со исланѓаните и на гостински терен.Во досегашниот  тек од натпреварите  во 4 квалификациска група ниту една селекција не забележала гостинска победа.Македонија со 4 бодови колку што има и Украина  но со подобра гол разлика и успешност во меѓусебниот дуел  со украинците,   е на 1.место во групата.Чешка и Исланд остануваат со по два освоени бода.Пред мечот во Рејкјавик,утре во рамки на 4.коло, Чешка ја пречекува Украина.

Веста е прочитана 573 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.