РАКОМЕТ

МАКЕДОНИЈА ГИ ДОБИ ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕП ВО ХРВАТСКА

23 June, 2017 - 20:13

Актуелниот Европски првак Германија, екс-ју земјите Црна Гора и Словенија се трите репрезентации со кои најдобрите македонски ракометари ќе се натпреваруваат во Ц групата на Европското првенство во Хрватска што ќе се одржи идната година од 12 до 28 јануари.  

Нашиот национален тим своите мечеви од првиот дел на шампионатот во четвртото учество по ред на континенталниот собир ќе ги одигра во Загреб. 

Состав на останатите групи:

Група А (Сплит): Хрватска, Шведска, Србија, Исланд,  

Група Б (Пореч): Франција, Белорусија, Норвешка, Австрија. 

Група Д (Вараждин): Шпанија, Данска, Чешка, Унгарија. 

Веста е прочитана 1378 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.