РАКОМЕТ

ЛШ:ВАРДАР ЈА НАДИГРА БАРСА,МЕТАЛУРГ ПОБЕДИ ВО РУСИЈА

14 October, 2017 - 22:41

Македонските екипи имаа исклучителен успех во 5.коло од ЛШ на ЕХФ.Во дербито на А групата,Вардар ја совлада Барселона со 27-24  и се врати на 1.место од табелата,Металург како гостин со убедливи 32-26 го порази Чеховски Медведи.

 

Актуелниот македонски и европски првак Вардар на супериорен начин совладувајќи ја Барселона стигна до четвртата победа сезонава.Во извонреден амбиент во  СЦ „Јане Сандански“ го победија шпанскиот гигант со  27-24, полувреме 16-12, во меч од 5.коло на А групата. Каталонците  беа рамноправни во почетните минути  и до  6-6, по што следуваше еуфорична игра на вардарци во двата правца. На голот несовладлив беше Штербик, а во нападот Борозан и Циндриќ го полнеа голот на Барселона, за на полувремето Вардар да замине со +4 (16-12).  Вардарци рутинирано ја одржуваа предноста и во 2.дел  која на крајот сепак изнесуваше три гола 27-24.Вуко Борозан со шест и Хорхе Македа со пет постигнати гола беа најефикасни во редовите на Варда. Арпад Штербик нанижа  14  интервенции.Вечерва  во А групата се одигра и дуелот Нант – Кристијаншдад 34-25.Претходно ПИК Сегед на гости ја победи Висла со 33-27, а Рајн Некар Левен славеше против ППД Загреб со 31-24.на табелата Вардар има 9 бодови,РНЛ 8,Барселона 7,Пик Сегед 7,Нант 5,ППД Загреб 2,Висла 1 и Кристијанштад 1.

 

Ракометарите на Металург пропуштија можност да се радуваат на гостински триумф во претходното коло играјки реми кај Мотор во Запорожје,но попладнево во Русија ги реализираа амбициите и со 32-26 го надиграа Чеховски Медведи.Мечот од 5.коло во Д групата,за металурзите се одвиваше според посакувањата.Ритамот од првото полувреме со  Мотор,скопските ракометари  го имаа во вторите 30 минути  против  руската екипа.Од 15-15 после паузата,Металург од 35 минута влезе во извонредана серија од 6-0.Домаќинот беше во аут цели 8 минути без постигнат гол. Јовиќ кој повторно го менуваше Червар на клупата кај македонскиот вице првак ,заедно со своите играчи тактички ги одработија финалните минути за втора победа оваа сезона.Јагањац со 9 и Пешевски со 6 голови се издвоија на листата стрелци  кај Металург,по 4 постигнаа Илиќ и Анџелиќ,по 3 поделија Танкоски и Серафимов.На голот Томовски запре 11 удари на русите.Во групата Д денеска Бешикташ и Мотор ремизириаа со 28-28.Утре Спортинг го пречекува водечкиот Монпеље. 

Табела: Монпеље 8 бодови, Мотор Запорожје 6, Бешикташ 5, Металург 5, Спортинг 4 и Чеховски Медведи 0

Веста е прочитана 805 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.