ФУДБАЛ

ЛШ: ЈУВЕНТУС ЈА НАДИГРА БАРСЕЛОНА,ВЕЧЕРВА ТРИ МЕЧА ОД 1/4 ФИНАЛЕТО

12 April, 2017 - 13:33

Италијанскиот првак Јувентус ја надигра Барселона во првото четврфинале во елитната лига на Уефа.Бјанко-нерите ја победија Барселона со 3-0 и ја остварија целта,победа без примен гол за широко отворена врата кон полуфиналето .Во убедливиот триумф на Јувентус најекспониран  беше малдиот аргентинец Паоло Дибала кој ги постигна првите два гола,во 7-та и во 22 минута.Дефанзивецот на Старата дама, Ѓорѓо Кјелни ја круниса извонредната вечер во Торино за домашните ,со погодок во 55.минута.Јувентус кој е во серија од 22 меча без пораз на домашен терен во натпреварите под капата на Уефа, ќе  гостува на Камп Ноу кај  Барселона  во реваншот закажан на 19 април.

Вечерва продолжува првиот круг од четврфиналето со згуснат  распоред,откако вчерашниот инцидент во Дортмунд ,нападот со три есклпозии кон автобусот на германската екипа  беше причини за одложување на мечот Борусија-Монако. Во вчерашниот инцидент  беше повреден одбранбениот фудбалер на Борусија, Марк Бартра.Тој се здоби со  фрактура и исеченици на раката . Бартра е опериран и се наоѓа во добра состојба.Автобусот беше нападнат  додека ја превезуваше екипата на Борусија кон стадионот во Дортмунд. Мечот ќе се игра денеска од  18:45 минути.

Покрај средбата во Дортмунд,вечерва  од 20.45 на програма во ЛШ се и првите четврфинални двобои на Баерн и Реал како и на Атлетико и Лестер.Бундес шампионот предводен од екс тренерот на Реал, Карло Анчелоти го пречекува бранителот на титулата во дербито на Фудбал Арената во Минхен.Паралелно во Мадрид на Винсенте Калдерон,Атлетико е домаќин на англискиот шампион Лестер.

Веста е прочитана 740 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.