ТЕНИС

ЛИНА ЗА ТИТУЛА ВО ТУНИС

29 April, 2017 - 19:14

Лина Ѓорческа продолжува со успешните игри откако обезбеди финале на ИТФ фјучерс тенискиот турнир во Тунис вреден 60 илјади долари.

Нашата најдобра тенисерка и во третиот меч по ред направи пресврт за триумф од 2:1, овојпат над Петра Мартиќ од Хрватска, порано 42 тенисерка во светот и осминафиналистка на Ролан Гарос во 2012 година. Откако го загуби првиот сет со 6:3, во наредните два славеше идентично со по 6:4 за неполни два часа игра.

Ѓорческа за противник во полуфиналето ќе ја има Холанѓанката Рајхел Хогенкамп, која во второто полуфинале беше подобра од Унгарката Агнес Букта со 2:0.

Веста е прочитана 933 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.