ФУДБАЛ

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛШ:ПОБЕДАТА БЕЗ ПРИМЕН ГОЛ Е ПРЕМИЈА

26 July, 2017 - 15:05

Фудбалерите на Вардар во победа од 1-0  над Копенхаген ја остварија целта во првиот меч од  3.коло квалификации за Лигата на европските  шампиони.

Победата над Копенхаген  без примен гол е премија, задоволно коментираат од таборит на Вардар.Македонскиот првак синоќа на арената Филип Втори во Скопје го совлада данскиот состав со 1-0, предност со која ќе патува на реваш натпреварот од 3.коло  квалификации за ЛШ на Уефа.

Голот за Вардар го постигна   Балотели во 65 минута  како круна на добрата  и трпелива игра на Црвено-црните.Триумфот можеше да биде и поубедлив но и гостите опасно се заканија во финишот.Вардар, најстојувајки да ја искористи огромната шанса за долга европска  есен, најави дека ќе игра агресивно  и на реваншот  закажан за 2 август во Данска.

Веста е прочитана 1167 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.