РАКОМЕТ

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП:ГОНЗАЛЕС ГО СКРАТИ СПИСОКОТ НА 19 РАКОМЕТАРИ

26 April, 2017 - 18:47

Селекторот на македонскат машка ракометна репрезентација Раул Гозналес повика 19 ракометари за  двомечот со Исланд  од квалификациите за ЕП што ќе се одржи 2018 година во Хрватска.Новиот стратег  на националниот тим го скрати  првичниот список од 28 ракометари.Од новоповиканите кај Гонзалес остана Борко Ристовски а шпанецот се откажа од Прибак,Јоновски ,Костески,Колев,Крстевски,Димитриевски,Петров,Недановски и Ѓорѓески.Собирот е закажан за 1 мај во Скопје.Македонија ќе игра со Исланд на 4 мај како домаќин.Мечот во Рејкјавик е на 7 мај.После првите две кола во 4.  квалификациска група, сите четири селекции ,Чешка,Македонија  Исланд и Украина  имаат по два бода.Пласман на ЕП ќе изборат најдобрите две репрезентации од секоја група.

Веста е прочитана 1118 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.