ФУДБАЛ

КУП НА МАКЕДОНИЈА:ШКЕНДИЈА СО 3-1 ГО ПОБЕДИ ВАРДАР ВО ПРВОТО ПОЛУФИНАЛЕ

1 March, 2017 - 19:36

Фудбалерите на Шкендија на гостински терен го победија Вардар со 3-1 во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија.Во второто полуфинале,,Брегалница и Пелистер  ремизираа со 2-2. Реваншите ќе се играат на 19 април.

 

 

Првиот дел од полуфиналното  дерби и припадна на Шкендија.Тетовскиот клуб му се реваншираше на Вардар за неодамнешниот пораз во првенството и со предност од 3-1 има огромни шанси за пласман во завршниот сегмен од Националниот фудбалски  Куп .Попладнево  на Арената Филип Втори во Скопје ,Шкендија изгради предност од 2-0  уште во првото полувреме.Ибраими  од слободен удар во 24 минута го отвори резултатот , а во 45-та биеше прецизно и  од белата точка.Вардар кој е најтрофејниот клуб во ова натпреварување со пет титули намали на 1-2 преку  пеналот изведен од Фелипе во 51 минута .Хасани на 15 минути пред крајот повторно и овозможи комотно водство на Шкендија и финални 1-3 за  бранителот на куп пехарот кој е на чекор до финалето. Во Штип на второто полуфинале Брегталница и Пелистер одиграа 2-2. Здравков во осмата минута ја доведе Брегалница во водство. Илијоски израмни на 1-1 од пенал во 38.минута.  Бојовиќ во 67.минута постигна погодок за пресвр на Пелистер водство на гостите. Костадинов само три минути подоцна израмни на 2-2. Реванш  полуфиналните натпревари се закажани  за 19 април.

Веста е прочитана 676 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.