ФУДБАЛ

КАШИМА ПРВ ФИНАЛИСТ НА СВЕТСКИОТ КЛУПСКИ КУП

14 December, 2016 - 19:27

Кашима ќе игра во финалето на Светското клупско фудбалско првенство кое се одржува во Јапонија. Домаќинот го совлада шампионот на Јужна Америка, Атлетико Насионал со 3:0 во полуфиинале.

Првиот гол Азијците го постигнаа од пенал во 33 минута. Овој момент ќе остане запишан во историјата на фудбалот, бидејќи унгарскиот судија Виктор Касаи по прегледување на видео снимката за спорниот момент покажа на белата точка. Реализатор на најстрогата казна беше Шома Дои.

Другите два погодока Кашима ги постигнаа преку Јашио Ендо во 83 минута и Јума Сузуки на две минути пред крајот.

Јапонската екипа во финалето ќе го очекува подобриот од второто полуфинале закажано за утре во кое ќе се сретнат европскиот првак Реал од Мадрид и мексиканскиот тим Клуб Америка.

Веста е прочитана 341 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.