КОШАРКА

КАРПОШ ВРЗА ТРИ ПОБЕДИ ПО РЕД ПРЕД СВОИТЕ ГЛЕДАЧИ

10 December, 2016 - 21:52

Карпош Соколи ја продолжи серијата од три меча без пораз пред своите гледачи откако по Будуќност и Цедевита во СЦ „Борис Трајковски“ го совлада и Мега Лекс со 75:72, во рамките на 13 коло.

По израмнетото прво полувреме во кое на двете екипи им припадна по еден период, домашниот тим замина на одмор со половина кош предност 38:37. Во продолжение повторно двата тима се менуваа во водство а во неизвесната завршница по израмнетите 72:72, Драган Лабовиќ и Доминик Мавра со три поени го решија мечот во корист на Карпош Соколи.

Лабовиќ со 28 поени и Зоран Вркиќ со 22 погодока беа најдобри поединци кај победничкиот тим, додека кај гостите Марко Тејиќ со 15 ет погодоци беше најефикасен.

Карпош Соколи во следниот натпревар повторно ќе биде домаќин на 18 декември ја преекува Крка.

Веста е прочитана 87 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.