АБА ЛИГА

КАРПОШ СОКОЛИ ЈА ПРОДОЛЖИ ПОБЕДНИЧКАТА СЕРИЈА НА ШЕСТ СРЕДБИ ПРЕД СВОЈА ПУБЛИКА

15 January, 2017 - 18:49

Кошаркарите на Карпош Соколи ја остварија шестата победа во АБА лигата сезонава, победувајќи ја Цибона на домашен терен со 76:70, во рамките на 18 коло.

Цибона ја доби првата четвртина со 15:17, а со идентична позитива остана и на полувреме  33:35. 

Третиот и четвртиот период им припаднаа на домашните кошаркари, што на крајот донесе пресврт и Карпош Соколи славеше со 76:70.

Пери со 20  и Трајковски со 19 поени беа предводници  на „соколите“во шестиот триумф по ред предс воите гледачи, додека кај Цибона, Сулејмановиќ беше стрелец на 15, а Лука Жориќ постигна 14 погодоци.

Карпош Соколи и на следниот натпревар ќе биде домаќин, во петок, кога го пречекува МЗТ Скопје во македонското дерби.

Веста е прочитана 874 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.