КАРАТЕ

КАРАТИСТИТЕ НА МАКПЕТРОЛ СО 10 МЕДАЛИ НА ,,13 НОЕМВРИСКИОТ ТУРНИР,,

14 November, 2017 - 16:20

По повод ослободување на градот Скопје викендов во салата на Факултетот за физичка култута во Скопје, се одржа интернационалниот карате турнир ,,13 Ноември", на кој учество земаа 380 млади каратисти.

 

Овој турнир е со многу голема традиција и тој порано се одржуваше во сениорска конкуренција. Последниве години ова е турнир за помладите возрасни категории на спортисти. Ние на овој турнир учествувавме  со 12 млади спортисти и успеавме да освоиме вкупно 10 медали од кои 5 златни и пет сребрени. Натпреварот воедно ни послужи и како последна контрола пред Државното првенство за кадети, јуниори и постари јуниори (У-21), кое треба да се одржи следниот викенд. Сега имаме уште една недела на располагање за да ги поправиме недостатоците во тактичкиот дел и да се обидеме да бидеме успешни на Државното првенство“, истакана тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски.

 

Веста е прочитана 91 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.