ФУДБАЛ

ИЗВЛЕЧЕНИ ГРУПИTE ЗА СП ВО РУСИЈА,ЛЕСНА ЖДРЕПКА ЗА ГЕРМАНИЈА,ХРВАТСКА СО АРГЕНТИНА,СРБИЈА ВО КОНКУРЕНЦИЈА НА БРАЗИЛ

1 December, 2017 - 18:47

На церемонијата на ФИФА во Москва,попладнево беа  извлечени групите за фудбалскиот мундијал во Русија. Најатрактивна е групата Д во состав Аргентина,Хрватска,Исланд и Нигерија.Селекцијата на Германија која го брани пехарот имаше добра ждрепка а среќата  на извлекувањето ги посака и англичаните.Во иста група се најдоа Шпанија и Португалија.

 

А група:домаќинот  Русија, Саудиска Арабија, Египет и Уругвај,

Б група: Португалија, Шпанија, Мароко и Иран,

Ц група: Франција, Австралија, Перу и Данска.

Д група: Аргентина, Исланд, Хрватска, и Нигерија.

Е група: Бразил, Швајцарија, Костарика и Србија.

Ф група: Германија, Мексико, Шведска и Јужна Кореја.

Г група: Белгија, Панама, Тунис и Англија  и во најнетрактивнта

Х група: Полска, Сенегал, Колумбија и Јапонија.

 

Двете прворангирани селекции од секоја група ќе обезбедат пласман во нокаут фазата, односно шеснаесетинафиналната рунда.Натпреварите од СП во Русија ќе се играат на дванаесет стадиони во единаесет градови - Москва, Калининград, Санкт Петербург, Волгоград, Казањ, Нижни Новогород, Самара, Саранск, Ростов, Сочи и Екатеринбург.Мундијалот  ќе биде отворен  на 14 јуни во Москва со натпревар на стадион „Лужники“ помеѓу  Русија и Саудиска Арабија. На  стадион Лужники  на 15 јули ќе се игра и финалето од 21 СП.

Веста е прочитана 2125 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.