РАКОМЕТ

ИРИНА ДИБИРОВА НОВ ТРЕНЕР НА ЖРК ВАРДАР

9 March, 2017 - 18:07

Ирина Дибирова од денеска е нов тренер на ЖРК Вардар откако досегашниот прв кормилар Давид Дејвис е ослободен од обврските на негово барање. 

Сопругата на Тимур Дибиров веќе го одржа првиот тренинг кога на ракометарките им било соопштено дека со неа ќе ја продолжат сезоната. Ирина Дибирова на клупата на македонскиот првак ќе дебитира во сабота против Турингер а натаму на позицијата помошник тренер ќе остане Аце Станковски.

Дејвис ќе се врати во стручниот штаб на машкиот тим и ќе му помага на првиот тренер Раул Гонзалес.

Во својата богата играчка кариера Дибирова има настапувано во четири екипи, од кои три во Русија и имаше интернационална кариера во тимот на Слагелсе во Данска, во златното време кога Данките доминираа во Европа. Како играч има искуство со настап во речиси сите европски купови, и пет шампионски титули во три различни куп натпреварувања. 

Веста е прочитана 694 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.