ХИРШЕР НОВ СВЕТСКИ ПРВАК ВО ВЕЛЕСЛАЛОМ

17 February, 2017 - 20:11

Големиот фаворит и лидерот во Светскиот Куп, Марсел Хиршер го освои златниот медал во велеслалом на Светското првенство што се одржува во швајцарскиот зимски центар Сент Мориц.

По двете сребра во Шладминг и Бивер Крик, Австриецот конечно во третиот обид стана светски шампион во оваа дисциплина откако по двете возења беше побрз за 25 стотинки од освојувачот на сребрениот медал сонародникот Роланд Лаитингер. За третото место од победничкиот подиум и бронзата Норвежанецот Леиф Кристијан Хауген приреди изненадување откако заостана 71 сотинка зад победникот Хиршер.

Во недела машкиот слалом е последната дисциплина на мундијалот, додека утре најдобрите скијачки ќе се борат за медал во оваа дисциплина исто така последна за нив во Сент Мориц.

Веста е прочитана 1408 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.