ФУДБАЛ

Хејкенс го наследува Анчелоти на клупата на Баерн Минхен

5 October, 2017 - 14:54

Искусниот 72-годишен стратег се враќа во таборот на „баварците“ по четврти пат во својата кариера. Под негово водство Баерн Минхен во 2013 година ја освои Лигата на шампиони, по што замина во пензија.

Откако преговорите со поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Томас Тухел траеја предолго, челниците на Баерн решија на помош да го повикаат Хејнкес. Германецот е еден од најуспешните тренери во својата земја, кој освен со Баерн Минхен, го крена пехарот во Лигата на шампиони и со Реал Мадрид во 1998 година. Три пати ја освојуваше Бундеслигата, а со тимот на Шалке стигна и до трофејот во Интертото купот. 

Следната сезона на клупата на Баерн Минхен би требало да седне младиот 30-годишен тренер на Хофенхајм, Џулијан Нагелсман. 

Веста е прочитана 343 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.