ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН НА ПОЛ ЗА МАЛЕЗИСКОТО ГРАН ПРИ

1 October, 2016 - 18:11

Луис Хамилтон ја освои пол позицијата за утрешната 16 трка сезонава во формула 1 шампионатот што ќе се вози за Големата награда на Малезија. Возачот на „Мерцедес“ беше 57 пат во кариерата најбрз на денешените квалификации , победувајќи за 0, 4 секунди подобро време од тимскиот колега Германецот Нико Розберг. Актуелниот првак 100 јубилеен пат ќе стартува на една трка од првиот ред, статиска во која неприкосновен е легендарниот Германец Михаел Шумахер (116).

Во вториот ред од позицијата број три ќе стартува Холанѓанецот Макс Верстапен на „Ред Бул“, заедно со тимскиот колега Австралиецот Даниел Рикиардо, кој ќе биде на четвртото место.

Зад нив ќе стартуваат двата болида на „Ферари“, Германецот Себастијан Фетел како петти и Финецот Кими Раиконен од шестото место.

Во пресрет на Малезиското Гран при, Розберг е прв во поредокто кај возачите со осум бодови предност во однос на Хамилтон.

Веста е прочитана 249 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.