ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН НА ПОЛ ПОЗИЦИЈА ВО СУЗУКА

7 October, 2017 - 15:15

Британецот Луис Хамилтон ја освои 71 пол позиција во кариерата ,10 сезонава но прва во Сузука каде утре ќе се вози Јапонското Гран При , 16 трка од сезоната во Формула 1.Пилот на Мерцедес беше за три десетинки од секундата побрз од клупскиот колега Валтери Ботас.Финецот поради промена на менувач  загуби пет позиции на гридот,па од порвиот ред до Хамилтон ќе стартува Себастијан Фетел од Ферари.Тандемот на Ред Бул,Рикардо и Верстапен- победникот од Малезија ги освоија следните две места,пред Кими Раиконен од најпознатиот италијански тим.Во пресрет на трката во Јапонија,Хамилтон  има 34 бодови повеќе од Фетел.

Веста е прочитана 2438 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.