ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН НА ПОЛ ПОЗИЦИЈА ВО АВСТРАЛИЈА

25 March, 2017 - 20:30

Трикатниот светски првак  во Формула 1,британецот Луис Хамилтон ја освои првата стартна позиција за утрешната трка во Австралија која го отвара  68 поглавје од најпрестижниот автомобилистички шампионат на светот.Пилотот  на Мерцедес  имаше најбрз круг од 1.22.188 за негов  шести пол на патеката Алберт Парк каде и на два пати победи во 2008-та и 2015 година.За старт од првиот стартен ред се избори и Себастијан Фетел од екипата на Ферари.Германскиот пилот беше за 268 илјадитинки побавен од Хамилтон.Четирикратниот светски шампион за прв пат после Сингапур 2015 ќе стартува од првиот ред.Од вториот ред ,премиерната трка сезонава ќе ја почнат финците Валтери Ботас од Мерцедес и Кими Раиконен со Ферари,Макс Ферстапен од Ред Бул и Роман Грожан на Хас го пополнија третиот ред,Фелипе Маса,Сајнц Јуниор, Данил Квјат и Рикардо ги комлетираа најбрзите 10.

Веста е прочитана 1072 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.