РАКОМЕТ

ГОНЗАЛЕС ГО ОБЈАВИ ПОШИРИОТ СПИСОК ЗА ЕП ВО ХРВАТСКА

5 December, 2017 - 14:32

Нема  изненадување на поширокиот список од 28 ракометари кај  Раул Гознзалес,селекторот на машка сениорска репрезентација за претстојниот Европски шампионат  кој почнува на 12  јануари во Хрватска.Гонзалес ги  повика ракометарите кои беа носители на играта во квалификациите и во последниве сезони,како и Ацо Јоновски кој за  клучните мечеви се врати во екипата а  во октовмриската недела на ЕХФ се приклучи и Немања Прибак.Повик добија и младите бекови  на Металург  Марио Танкоски и Мартин Серафимов.Подготовките ќе стартуваат во втората половина на декември а најавени се две контролни средби со Саудиска Арабија и Србија.На ЕП во Хрватска ,Македонија од  групата Ц ќе атакува на место во главната фаза.Конкуренти  се   Германија,Црна Гора и  селекцијата на  Словенија,  противник на нашиот состав во 1.коло на 13 јануари во Загреб.

ПОШИРОК СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ ЗА ЕП ХРВАТСКА 2018:

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски, Мартин Томовски
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Немања Прибак, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Аце Јоновски, Велко Марковски, Горан Крстевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Мартин Серафимов,
Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Мартин Поповски
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски

Веста е прочитана 2329 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.