РАКОМЕТ

ГОНЗАЛЕС ГО ИМАШЕ ПРВИОТ СОБИР КАКО СЕЛЕКТОР НА РАКОМЕТАРИТЕ

1 May, 2017 - 15:14

Машката ракометна репрезентација на Македонија  ги почна подготовките за натпреварите со Исланд што се дел од  квалификациите за пласман на ЕП во 2018 година.

 

Новиот селекторот на машкиот тим,Раул Гонзалес го имаше првиот собир со играчите што ги повика за престојните два меча од циклусот квалификации за пласман на континетналниот шампионат  во Хрватска.Од повиканите 19 ракометари,првиот собир ги пропуштија капитенот Кире Лазаров како и тандемот на Рајн Некар,Дејан Манасков и Филип Талески. Гонзалес има нови соработници во стручниот штаб.Александар Царчев е тренер на голманите а Роберто Гарсија Парондо, екс играчот на Сиудад Реал  ќе му биде прв асистент и во репрезентцаија и во Вардар.Мечот Македонија-Исланд ќе се игра в четврток од 20 часот во СЦ Борис Трајковски,гостувањето во Рејкавик е на 7-ми мај.После првите две кола во групата,Чешка,Македонија,Исланд и Украина имаат по два бода.Пласман на ЕП ќе изборат двете најдобри селекции од секоја група.

Веста е прочитана 1102 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.