ТЕНИС

ЃОРЧЕСКА НЕ ЈА ИСКОРИСТИ ШАНСАТА, ИСПАДНА ВО ПРВОТО КОЛО

11 April, 2017 - 19:25

Лина Ѓорческа испадна од првото коло откако не ја искористи шансата што ја доби од организаторот како „лаку лузер“ да настапи на силниот ВТА турнир во швајцарскиот град Биел со награден фонд од 250 илјади долари.

Најдобрата македонска тенисерка беше елиминирана од Чехињата Маркета Вондрусова со максимални 2:0 или првиот сет го загуби во тај брејк на поени со 7:4, а во втроиот освои само еден гејм за 64 минути игра.

Ѓорческа вчера загуби во третото коло од квалификациите од првата носителка Александра Саснович од Белорусија, а денеска доби нова шанса за настап и тоа на Главниот турнир по откажувањето на Французинката Ализ Корне.

Ѓорческа го продолжува својот престој во Швајцарија бидејќи утре ќе игра во дубл заедно со партнерката од Русија, Анастасија Комардина против двојката Хедер Вотсон од Велика Британија и Елиз Мартенс од Белгија, четвртите носителки на турнирот.

Веста е прочитана 657 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.