ТЕНИС

ЃОРЧЕСКА НАПРЕДУВА КОН НАЈДОБРИТЕ 200 НА ВТА ЛИСТАТА

3 October, 2016 - 14:16

Лина Ѓорческа се доближува до најдобрите 200 тенисерки на светот.Македонската тенисерка од денеска е 209 на ВТА листата во сингл, што е скок за една позиција.Во конкуренција на двојки,Ѓорческа немаше промена на пласманот и остана на  146  позиција.Нема промени и на врвот.Водечка е Анжелик Кербер пред Серена Вилијамс.На третото место,на сметка на Мугуруза, се проби Агњешка Радванска.

Веста е прочитана 220 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.