ТЕНИС

ЃОРЧЕСКА Е 191 НА ВТА РАНГ ЛИСТАТА, НАЈДОБРО ВО КАРИЕРАТА

27 February, 2017 - 14:26

Лина Ѓорческа го подобри пласманот за едно место и сега е 191 на најновата ВТА ранг листа, што е нејзин најдобар ранкинг во кариерата.

Најдобрата македонска тенисерка е без настап речиси еден месец по Гренобал на крајот од јануари, а последните бодови ги освои кога настапи во квалификациите на грен слем турнирот Австралија опен.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа е 138 што е за девет места послабо од нејзиниот најдобар пласман во кариерата на пети декември минатата година.

Веста е прочитана 621 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.