ТЕНИС

ЃОРЧЕСКА БЕЛЕЖИ НАЈДОБАР РАНКИНГ ВО КАРИЕРАТА

26 September, 2016 - 18:16

Лина Ѓорческа се искачи за 12 позиции и сега 210 во поединечна конкуренција на најновата ВТА ранг-листа што е нејзин најдобар ранкинг во кариерата. Исто така голем напредок бележи и во дубл со 29 места подобрување на својот пласман искачувајќи се на 146 место.

Добрите резултати во изминатиот период придонесоа најдобрата македонска тенисерка да се доближи и веројатно многу брзо да влезе во најдобрите 200 тенисерки во светот. 

Веста е прочитана 351 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.