ТЕНИС

ЃОКОВИЌ СО ТРЕТ ТРИУМФ ГО ЗАВЕРИ ПОЛУФИНАЛЕТО ВО ЛОНДОН

17 November, 2016 - 18:01

Новак Ѓоковиќ на убедлив начин ја заврши „раунд робин“ фазата на завршниот Мастерс турнир на најдобрите осум тенисери во светот што се игра во Лондон и со трет триумф во „О2“ го потврди првото место во групата „Иван Лендл“, заврувајќи го полуфиналето без загубен меч. 

Во последното трето коло за само еден час и 10 минути игра во два сета го совлада Давид Гофан од Белгија кој на финалниот турнир влезе како замена за Французинот, Гаел Монфис кој по двата порази се откажа од понатамошните натпревари поради повреда.

Второ рангираниот на АТП ранг-листата во првиот сет му препушти само еден гејм на противникот (6-1), додека во вториот еден повеќе (6-2).

Вториот меч од групата „Иван Лендил“ ќе го даде освојувачот на второто место. За полуфиналето во директната пресметка ќе играат Канаѓанецот, Милош Раониќ и Доминик Тием од Австрија. во мечот во кој двајцата тенисери влегуваат со идентичен скор по една победа и пораз.

Веста е прочитана 564 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.