ТЕНИС

ЃОРЧЕСКА НЕ УСПЕА ДА СЕ ПЛАСИРА НА ГРЕН СЛЕМОТ ВО МЕЛБУРН

14 January, 2017 - 15:26

Лина Ѓорческа не успеа да се пласира на Грен слем турнирот  Австралија Опен. Македонската тенисерка беше блиску до историски пласман на главниот турнир во Мелбурн но со 2-1  го загуби мечот од  3-то, последно коло во  квалификациите  од швајцарката Стефани Вогел , 114 на ВТА листата .Ѓорческа го доби првиот сет со 6-4 но после еден час и 54 игра ги загуби  следните два сета со 3-6 и 2-6.Лина Ѓорческа е прва македонска  тенисерка која одиграла три меча во квалификации за Грен слем турнир.Мината сезона, спортистката на Македонија за 2016  настапи и во квалификациите за УС Опен.

Веста е прочитана 676 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.