РАКОМЕТ

ЃЕР Е НОВИОТ ШАМПИОН,ЖРК ВАРДАР СЕ ВРАЌА СО СРЕБРЕН МЕДАЛ ОД Ф4 ВО БУДИМПЕШТА

7 May, 2017 - 20:31

Вардарки стигнаа до сребрениот медал,чекор повисоко од претходните три настапи на завршните турнири,но вечерва среќата не ја следеше  нивната желба, мотивираност и   борбеност во  драматичното финале.Во  салата Ласло Пап во Будимпешта, ЖРК Вардар одигра продолжение и на крајот го загуби финалето во ЛШ со 31-30 од Ѓер.Македонските  шампионки  успеаја  на неколку пати да се вратат  во мечот.Унгарките  имаа три голови предност на полувремето.Вардар со второто изедначување во следните 30.минути  од 26-26 го насочи финалето кон продолженија но пропушти и напад за победа.Екстра  периодите од два пати по пет минути,Ѓер ги доби со 5-4 и по трет пат во клупската историја ја освои шампионската лига.    Алтхаус и Лакабрер со по шест гола беа најефикасни во редовите на македонскиот шампион, по четири погодоци постигнаа Радичевиќ, Лекиќ и Пенезиќ, додека најдобар стрелец на новиот европски првак беше Горбич со седум гола.Во мечот за 3.место Букурешт го совлада Будуќност со 26-20.    

Веста е прочитана 748 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.