ФОРМУЛА 1

ФЕТЕЛ ЗА ВТОРИОТ ТРИУМФ СЕЗОНАВА БЕШЕ НАЈБРЗ ЗА ГН НА БАХРЕИН

16 April, 2017 - 19:10

Германецот Себастијан Фетел победи вторпат сезонава на третата трка во формула еден шампионатот што се возеше за Големата награда на Бахреин. На патеката Шакир возачот на „Ферари“ за 44 триумф во кариерата беше побрз за седум секунди од второпласираниот Британец Луис Хамилтон на „Мерцедес“. На третото место од победничкиот подиум се искачи вториот возач на „сребрената стрела“ Финецот Валтери Ботас.

Бодови во Бахреин од 4 до 10 место освоија уште, Финецот Кими Раиконен на „Ферари“, Австралиецот Даниел Рикиардо на „Ред бул“, Бразилецот Фелипе Маса на „Вилијамс“, Мексиканецот Серхио Перез на „Форс Индија“, Французинот Себастијан Грожан на „Хас“, Германецот Нико Хулкенберг на „Рено“ и Французинот Естебан Окон на „Форс Индија“.

Во Генералниот пласман кај возачите Фетел е лидер со 68 бодови, пред Хамилтон со 61 и Ботас со 38 бодови.

Формула еден шампионатот се сели во Европа. За две недели на 30 април домаќин на следната трка ќе биде Сочи за ГН на Русија.

Веста е прочитана 700 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.