ФОРМУЛА 1

ФЕТЕЛ НАЈБРЗ НА „ХУНГАРОРИНГ“, ЕДЕН ДВА ПОБЕДА НА „ФЕРАРИ“

30 July, 2017 - 18:32

Возачот на „Ферари“ Себастијан Фетел ја забележа четвртата победа сезонава откако беше најбрз на 11 трка во формула еден шампионатот што се возеше за Големата награда на Унгарија. Пред летниот одмор ја зголеми предноста на лидерската позиција во Генералниот пласман на 14 бодови во однос на Британецот Луис Хамилтион, кој заврши на четвртото место на легендарната патека „Хунгароринг“ крај Будимпешта.

Фетел извозе без грешка и доминираше од пол-позицијата до 46 победа во кариерата, освојувајќи го првото место пред тимскиот колега Финецот Кими Раиконен со кого ја обезбедија втората еден-два победа на „Ферари“ сезонава. Финецот Валтери Ботас на „Мерцедес“ беше трет, а веднаш по него низ целта мина неговиот тимски колега Хамилтон, кој коректно му го препушти однсоно му го врати пласманот на подиумот откако не успеа да се вмеша за победата на унгарското гран при.

Холанѓанецот Макс Верстапен на „Ред Бул“ заврши на петата позиција, Шпанецот Фернандо Алонсо на „Мекларен“ беше шести, а бодови до 10 место освоија уште, Шпанецот Карло Сајнц на “Торо Росо“, двајцата возачи на „Форс Индија“, Мексиканецот Серхио Перес и Французинот Естебан Окон како и Белгиецот Стофел Вандорн на „Мекларен“.

Во Генералниот пласман Фетел е прв со 202 бода, пред Хамилтон со 188 и Ботас со 169 бодови.

Следува пауза во фурмула еден од речиси еден месец за летниот одмор. Шампионатот ќе продолжи на 27 август кога ќе се вози за Големата награда на Белгија.

Веста е прочитана 1689 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.