ФОРМУЛА 1

ФЕТЕЛ И РАИКОНЕН ОД ПРВИОТ РЕД ЗА ЕДЕН-ДВА СТАРТ НА ФЕРАРИ ПРВПАТ ПО 2008 ГОДИНА

29 April, 2017 - 19:27

Двата болида на „Ферари“ по пауза од девет години ќе започнат од првиот стартен ред на утрешната трка во Формула 1 шампионатот што ќе се вози за Големата награда на Русија.

На патеката во Сочи, Германецот, Себастијан Фетел ја оствари 47 полппозиција во кариерата и за 59 илјадитинки беше побрз од тимскиот колега Финецот Кими Раиконен.

Од вториот стартен ред руското Гранд-при ќе го започнат пилотите на „Мерцедес“, Финецот Валтери Ботас и Британецот Луис Хамилтон.

Во пресрет на четвртата трка сезонава лидер во Генералниот пласман кај возачите е Фетел со 58 бодови, седум повеќе од Хамилтон, а по нив следуваат Финците, Ботас со 38 и Раиконен со 34. 

Веста е прочитана 1450 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.