ТЕНИС АО

ФЕДЕРЕР ПРВ ФИНАЛИСТ НА АО

26 January, 2017 - 17:31

Швајцарецот Рожер Федерер е прв финалист на машкиот дел од турнирот во Мелбурн парк и по пауза од пет години кога последен пат славеше на Вимблдон ќе има шанса да се бори за 18 грен слем титула во кариерата.

Четирикратниот победник на Австралија опен во првото полуфинале го совлада сонародникот Стан Вавринка со 3:2. По голема борба и водство од 2:0 (7:5, 6:3), Федерер го издржа притисокот откако Вавринка израмни на 2:2 (1:6, 4:6), добивајќи го петиот решавачки сет со 6:3.

Конечно по шест полуфиналиња од последниот триумф во 2010 година влезе во финале и во 100 от јубилеен меч на Австралија опен за противник ќе го има подобриот од второто полуфинале помеѓу Шпанецот Рафаел Надал и Бугаринот Григор Димитров.

Веста е прочитана 615 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.