ТЕНИС

ФЕДЕРЕР ГО ПОБЕДИ НАДАЛ ЗА ТРИУМФ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН

29 January, 2017 - 21:59

Роже Федерер го доби финалето во Мелбург против Рафаел Надал победувајки во тениска класика од пет сета.

 

На теренот каде пред седум сезони го освои последниот Грен слем во Мелбурн ,швајцарскиот ас   им  се врати на пехарите, за вкупно 18-ти  од колекцијата на  најзначајни трофеи.Федерер стигна до 12 победа од  меѓусебните 35 дуели со Надал  во пет сета.35 годишниот швајцарец влезе во финалето со 6-4.Надал изедначи со 6-3 во вториот сет.Федерер брзо со 6-1 ја врати предноста,но следеше нов одговор од шпанецот за 2-2 после 6-3 во четвртиот сет. Во  решавачкиот  петти  сет, Надал успеа да освои гејм на противнички сервис.Тој поведе со 3-1,  но Федерер  го врати брејкот  и со агресивна игра го сврте резултатот за 6-3 и  победа за прва Грен слем титула после Вибмбдон од  2012 година. 

Веста е прочитана 540 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.