МОТОЦИКЛИЗАМ

ДОВИЦИОЗО ГО ОСВОИ СИЛВЕРСТОУН ЗА 1.МЕСТО ВО МОТО ГП КЛАСАТА

27 August, 2017 - 18:56

Италијанецот Андреа Довициозо победи  на 12 трка сезонава во МОТО ГП класата  од  СП во мотоциклизам  возена денеска  на патеката Силверстоун  во Велика Британија.Покрај 4-тиот триумф сезонава Довициозо   го презеде 1.место во шампионатот по откажувањето  на лидерот Марк Маркез поради  дефект на неговата Хонда.Пилотот на Дукати стартуваше од 6-тата позиција и го имаше победничкиот маневар на  3 круга пред крајот  кога го мина водечкиот Роси. Валентино Роси во својата 300-та трка во најсилната категорија имаше речиси перфектен ритам ,но на  крајот го освои 3.место,зад Довициозо и кпупскиот колега од Јамаха, Маверик Виљалес.Довизиозо се проби до 1.место во генералата со 9 бодови пред Маркез,13 од Виљалес и 26 од Роси.Во Мото 2 класата денеска славеше јапонецот Такаки Накагами на Калекс,во Мото 3 категорија победи шпанецот Арон Канет на Хонда.Шампионатот  продолжува на 10 септември со трка за Гран При на Сан  Марино. 

Веста е прочитана 1855 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.