ФУДБАЛ

ДЕБАКЛ НА СЕЛЕКЦИЈАТА ДО 21 ГОДИНА,МАКЕДОНИЈА-АВСТРИЈА 0-4

14 November, 2017 - 15:34

Селекција на Македонија за фудбалери до 21 година доживеа дебакл   во 4  меч од  квалификациите за ЕП во Италија и Сан Марино.Младинците претрпеа пораз од Австрија со убедливи  4-0 и ги намалија шасните за пласман  во повисокиот дел од табелата.Австрија постигна 3 гола уште во 1.полувреме.Јакупович со  неговиот втор погодок во 54.минута  ги постави финалните  0-4 на арената Филип Втори во Скопје.Македонскиот тим не искорите пенал преку Исени во 85 за почесен гол а од 80.минута играше без Костадинов кој заработи втор жолт картон.На вториот меч од групата,Србија како гостин ја совлада Ерменија со 1-0 и со 15 бода е водечка на табелата.Русија на 2.место има 10 бодови,Австрија 9,Ерменија 7.Македонија по серијата од три порази  е  во друштво на Гибралтар.Двете селекции имаат по  3 бода.

Веста е прочитана 175 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.