РАКОМЕТ

ЧЕРВАР СО 24 РАКОМЕТАРИ ГИ ПОЧНУВА ПОДГОТОВКИТЕ ВО МАВРОВО

16 December, 2016 - 15:54

Селекторот на сениорите го скрати првичниот список  на 24 ракометари на кои ќе смета во подготвките за мундијалот во Франција.

 

Лино Червар се откажа од услугите на голманот  Никола Митревски како и на Никола Костески, Давор Палевски и Горан Крстевски и со 24 играчи ќе ги стартува тренинзите во Маврово.Претходно, стратегот на сениорите ги  отпиша Борко Ристовски и Ацо Јоновски. Нашите ракометари во Маврово ќе работат во периодот од 20 до 30 декември, а потоа подготовките ќе ги продолжат во Скопје каде ќе одиграат и пријателски средби со Босна и Херцеговина.Светското Првенство во Франција стартува  на 11 јануари.Во 1.коло од групната фаза,Македонија во Мец  на 12 јануари  ќе  игра против Тунис. Селекциите на Ангола, Словенија, Шпанија и на Исланд  се другите противници во групата.

Веста е прочитана 216 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.