РАКОМЕТ

ЧЕРВАР И ОФИЦИЈАЛНО СЕ РАЗДЕЛИ СО МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

12 March, 2017 - 19:38

РФМ  вечерва испрати соопштение во кое се официјализира разделбата со Лино Червар ,хрватскиот стратег кој изминативе десет месеци ја предводеше машката сениорска репрезентација.Червар се враќа на функцијата селектор кај Хрватска.Во екот на подготовките за квалификациските натпревари, пред РФМ е период на  потрага за нов селектор. Не е познато дали Червар ќе остане тренер на Металург.Тој престојува во  Македонија од  2009 година како шеф на стручниот штаб  на екипата од Автокоманда  со која  на двапати беше меѓу најдобрите осум во Европа и успеа со  тимот да учествува во континуитет во Лигата на шампионите. 

 

 

 

Веста е прочитана 1089 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.