ФУДБАЛ

ЧЕЛЗИ МАРШИРА КОН ТИТУЛАТА

26 December, 2016 - 20:44

На   традиционалниот Боксинг деј  во англиската Премиер лига ,фаворитите денеска беа  сигурни.Фудбалерите на Челзи  го одработија 18.коло со победа од 3-0 над Бурнемаут и ја запишаа 12 победа по ред,  што е нов клупски рекорд . Педро Родригез постигна два гола,во 24 и во 90-минута.Еден од погодоците на Стемфорд Бриџ за Сините , беше дело на Азар од пенал во 49.  минута.Убедлива  победа од 3-0 забележаа и фудбалерите на Пеп Гвардиола. Сити го скрши отпорот на Хал дури во 2.полувреме.Гостите од Манчестер славеа со 3-0 ,откако Туре го отвори резултат,Ихеначо  зголеми на 0-2,Дејвис со автогол ги постави финалните 0-3.Сигурен на Боксинг деј беше и составот на Жозе Мурињо.Манчестер  Јунајтед го порази Сандерленд со 3-1.Арсенал,минимално со 1-0 го совлада ВБА.Лестер загуби на домашен терен од Евертон со 2-0 и се доближува до зоната за испаѓање.Вотфорд и Кристал Палас ремизираа со 1-1,Барнли подобар од Мидлзброу со 1-0 и  Свонси-Вест Хем 1-4.Утре, Ливерпул го пречекува Стоук.18.коло  го затвораат задутре  Саутемптон и Тотенхем.На табелата, Челзи предводен од Антонио Конте има 46 боодви,7 повеќе од Сити и 9 од Ливерпул и Арсенал.

Веста е прочитана 656 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.