ФУДБАЛ

БАРСЕЛОНА СЕ ПРЕМИСЛИ,ГО ОТКАЖА ПА ГО ОДИГРА МЕЧОТ СО ЛАС ПАЛМАС

1 October, 2017 - 19:22

Во  тензичната безбедносно политичка состојба во Каталонија ,фудбалскиот клуб Барселона најнапред реши  да го одложи мечот од 7.коло на Ла Лига со Лас Палмас ,но откако стигнаа заканите за казни и санкции  од Фудбалската Федерација на Шпанија која не се согласи со таквата одлука, каталонците половина час подоцна  се премислија и го одиграа натпреварот на Камп Ноу  без публика..Барселона победи со 3-0.Бускетс  го отвори резултатот во 49 минута ,Меси  во продолжение ги постигна другите два гола за потврда на лидерската позиција на табелата.

Веста е прочитана 637 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.