ФУДБАЛ

АРГЕНТИНА ОДИ ПО ЖИЦА, ПО РЕМИТО СО ПЕРУ МОЖЕ ДА ИЗВИСИ ЗА МУНДИЈАЛОТ ВО РУСИЈА

6 October, 2017 - 10:44

Аргентина си ја искомпликува работата и го доведе под знак прашање пласманот на Светското првенство во Русија. На домашен терен во Буенос Аирес одигра само нерешено со Перу 0:0 во претпоследното 17 коло и остана на шестата позиција на табелата кое не носи учество ниту во баражот.

Пласман на Мундијалот засега има обезбедено само Бразил, додека Уругвај, Чиле, Колумбија, Перу, Аргентина и Парагвај ќе се борат за преостанати три места кои директно водат на СП и за едно место (петтото) во баражот.

Резултати 17. коло:

Боливија - Бразил 0:0

Венецуела - Уругвај 0:0

Аргентина - Перуу 0:0

Чиле - Еквадор 2:1

Колумбија - Парагвај 1:2

Табела:

1. Бразил 38 бодови

2. Уругвај 28

3. Чиле 26

4. Колумбија 26

5. Перу 25

6. Аргентина 25

7. Парагвај 24

8. Еквадор 20 

9. Боливија 14

10. Венецуела 9

Веста е прочитана 544 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.